Дебар: 17 новозаразени со Ковид-19, втор негативен рекорд досега

од Nikola Popovski

Во Дебар расте бројот на заразени, но и на оздравени лица, што го потврдуваат официјалните податоци според кои во последното деноноќие регистрирани се 17 новозаразени, а излекувани се осум лица ,двајца од нив кои биле на лекување во болницата „Осми Септември“.

Ова е втора највисока бројка на новозаразени по онаа на 20. јуни кога беа регистрирани 18 новозаразни.

Вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата, се искачи на 137. Битката со опасниот вирус ја добиле 56, ја изгубиле пет, додека активни на болеста се 76 лица,од нив седуммина се хоспитализирани во здравствените установи во Скопје.

Споредено со првата фаза од пандемијата, во втората,кога косонавирусот, по точно педесет дена, се врати на ова подрачје, бројот на заразените е поголем за 86 лица.

Во првата фаза беа регистрирани 51 заболен, од нив двајца во Центар Жупа, оздравеа 47, а починаа четворица, тројца мажи од Дебар и жена од Центар Жупа.

Од повторната појава на болеста 5-ти јуни, се 86 заразени лица,едно од Центар Жупа, од кои девет се излекувани, додека едно лице почина, останатите 76 се се уште активни на болеста.

Надлежните предупрдуваат дека бројот на новозаразени ќе расте,што е последица на непочитување на мерките и протоколите од страна на граѓаните и деловните субјекти. Апелираат на строго почитување на мерките и препораките,зашто,како што додаваат, тоа е единствениот начин за заштита од невидливиот непријател.

Слични содржини