Дебата за перспективите на истражувачкото новинарство

од desk4

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски ќе учествуваат и ќе се обратат на дебатата „Перспективите на истражувачкото новинарство“.

Дебатата, организирана од Центарот за граѓански комуникации, БИРН и НВО Инфоцентар ќе опфати две панел дискусии.

Првата, со фокус на прашањето „Дали зголемениот број на истражувачки стории во медиумите е долгорочен тренд или само краткотрајна промена?“ и втората со наслов „Дали базите на отворени податоци придонесуваат кон подобрување на истражувачкото новинарство?“.

Слични содржини