Делови од Скопје неколку часа без струја

од Nikola Popovski

Без струја денес ќе бидат корисниците на делови од неколку скопски општини, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Според добиените информации од ЕВН Македонија АД, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија утре од 10 до 15 часот, ќе останат корисниците на дел од улицата 4 во Сарај, патот кон Љубин.

Од девет до 12 часот, корисници од улиците Борка Талески, Никола Тримпаре, Ленинова, Дебарца во општина Центар.

Додека пак, од девет до 15 часот, корисниците на дел од улиците Борис Сарафов, Апостол Петков и од Георги Казепов, во близина на раскрсницата, во општина Ѓорче Петров.

Истиот период ќе немаат електрична енергија и корисниците на дел од селото Зелениково – делот кај млекарата.

Слични содржини