Демонстранти запалија канцеларии на шиитските политички партии во Ирак

од Vladimir Zorba

Демонстранти во Ирак денеска ги запалија канцелариите на шиитски политички партии и шиитска милиција во јужната ирачка провинција Мутана, соопшти полицијата.

Канцелариите на движењата „Хикма“ и „Ашаиб Ал ал-Хак“ беа запалени во градот Самава.

Безбедносните сили се обидоа да ги растерат демонстрантите со солзавец.

Претходно денеска, ирачката полиција пукаше во воздух и испука солзавец за да растера илјадници демонстранти од улиците на Багдад, каде протестите против владата продолжија по тринеделна пауза.

Слични содржини