Демонстрантите ја запалија куќата на премиерот на Шри Ланка

од Vladimir Zorba

Демонстрантите упаднаа во куќата на премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге во главниот град Коломбо, пред која претходно се судрија со полицијата и ја запалија, јавува Би-би-си.

„Демонстрантите упаднаа во приватната резиденција на премиерот Ранил Викремесинге и ја запалија“, изјави за Би-би-си претставник од кабинетот на премиерот.

Во текот на изминатиот час се интензивираа судирите пред резиденцијата на Викремесинге во главниот град Коломбо.

Засега не е познато каде бил премиерот во моментот кога била опожарена куќата.

Викремесинге се согласи да поднесе оставка како премиер претходно денеска. На лидерите на парламентарните партии им порача дека ќе поднесе оставка кога партиите ќе го договорат составот на новата влада.

Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Рајапакса побегна порано денеска од претседателската резиденција во Коломбо, неколку минути пред да упаднат илјадници демонстранти.

Слични содржини