Ден на браќата и сестрите: Јавете им се и присетете се на убавите спомени

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска посветете им го денот на вашите браќа и сестри. Јавете им се, поканете ги на кафе, дружете се и потсетете се на безгрижните денови и убавите времиња од вашето детство.

Денешниот ден е посветен на браќата и сестрите, луѓе кои го направија вашето детство незаборавно. Тие се тука за вас и во добри и во лоши времиња.

Секако, веројатно имало моменти кога не сте можеле да се поднесувате, но кои браќа или сестри не се караат?

Ако имате фото албум, прелистајте го и направете неколку нови фотографии, добрите спомени секогаш остануваат.

Слични содржини