Денеска на сила се враќа полицискиот час

од Берта Китинска

На полноќ стапува на сила ограничувањето во движењето и ќе трае до 4 часот изутрина.До 18 мај 2021 година на сила ќе бидат новите мерки кои ги усвои Владата на редовна седница.

Дозволеното време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.

Надлежните велат дека  новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести се  врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во земјата.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје пријавени се 105 смртни случаи од 21 град, 37,1% помалку во однос на минатата недела.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.372, бројката на оздравени пациенти е 139.266, на починати е 5.151, а бројот на активни случаи изнесува 9.955.

 

 

 

 

Слични содржини