Денеска почнува судењето против Стаменковски – сопственик на порталот „ДоказМ“

од Nikola Popovski

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да се одржи првото рочиште од судењето против сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски за кој ОЈО Скопје поднесе обвинителен предлог на 17-ти февруари.

Стаменковски се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – Уцена, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Пријавите се од две новинарки и еден владика.

Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска.

Слични содржини