Денеска пристигнува нова пратка „Астра Зенека“,ревакцинирани над 220.000 граѓани

од Берта Китинска

Денеска ќе пристигне нова пратка на вакцини на „Астра Зенека“. Како што информира министерот за здравство Венко Филипче има најава дека в петок ќе стигнат 10.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Хрватска.

-Во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини од Русија на „Спутник“. Вакцинацијата денеска се спроведува во сите вакцинални пунктови. Во текот на вчерашниот ден и завчера се вакцинирани околу 12.000 лица, а заклучно со вчера се вакцинирани 330.000 граѓани, изјави  Филипче.

Министерот истакна дека само со масовна вакцинација ќе ја победиме пандемијата.

-Вакцини има во доволна количина и сите се безбедни и ефикасни. Последните информации кои пристигнуваат од Европската агенција за лекови се дека вакцините се ефикасни и за новите соеви што ни влева многу надеж. Прашање на време е кога индискиот сој на вирусот ќе стане доминантен во Европа, затоа е важно што поголем број граѓани да се вакцинираат во овој период на стабилна епидемиолошка состојба. Само заеднички може да се заштитиме и да амортизираме евентуален нов бран наесен, вели Филипче.

Вкупно се аплицирани 557.400 дози вакцини, а ревакцинирани се 223.014 граѓани.

Слични содржини