Детектор: Над 20 отсто од вработените граѓани останале без своето работно место поради корона кризата

од Vladimir Zorba

Секој петти вработен граѓанин во земјава останал без своето работно место како последица на економската криза предизвикана од епидемијата на корона, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според истражувањето, 12,1% од вкупниот број граѓани велат дека го загубиле работното место или пак добиле привремен отказ или суспензија поради кризата со коронавирусот. Од анкетираните 33,4% велат дека одат на работа исто како и пред кризата, 10,7% од граѓаните поради корона вирусот работат од дома, додека 2,5% немаат некои промени во статусот бидејќи и претходно работеле од дома.

-Останатите нешто над 40% се невработени и пензионери. Кога тие ќе се исклучат од истражувањето, анкетата покажува дека 20,6% од анкетираните вработени граѓани останале без работното место, додека 56,9% се уште одат на работа како и претходно. При тоа 18,2% од вработените анкетирани граѓани работат од дома, а за 4,3% вработени граѓани нема никакви промени бидејќи тие и пред кризата си работеле од дома, посочуваат резултатите.

Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1.116 испитаници во периодот од 18 до 21 март со маргина на грешка од плус-минус 3%.

Слични содржини