Девет сообраќајки во Скопје, едно лице тешко повредено

од Vladimir Zorba

Девет сообраќајни незгоди се случиле изминатото деноноќие во Скопје, од кои, како што соопшти СВР, една со последица тешки и седум со лесни телесни повреди, како и една со причинета материјална штета.

Вкупно 43 лица возеле со брзина поголема од дозволената, а исклучени од сообраќај биле 29. Од нив тројца возеле под дејство на алкохол, 20 управувале со возило без дозвола, а двајца биле возачи-почетници.

Со истечена важност на дозволата, пак, биле 15 лица, а пајак службата поради непрописно паркирање подигнала 54 возила.

Слични содржини