Девојката кај која се појави тромб по вакцинацијата со „АстраЗенека“ е на домашно лекување

од Берта Китинска

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека единствен пријавен несакан ефект  од вакцината „АстраЗенека“ има кај 28 – годишната девојка вакцинирана во Србија, која денес треба да биде пуштена на домашно лекување.

„Освен две случки на колапс, кој не се поврзува со вакцинирањето туку е поради страв и панични напади, други несакани ефекти нема. Девојката со тромб на очната вена требаше вчера, но денес оди на домашно лекување“, рече министерот Филипче.

Слични содржини