Девојката на Роналдо позираше гола пред камерите: Носи само чанта во рацете (ФОТО)

од Nikola Popovski

Георгина Родригез, официјално сè уште само девојка на Кристијано Роналдо, е во центарот на вниманието на медиумите последните неколку дена поради серијата фотографии што ги направи за едно шпанско списание.

Сепак, фотографијата која привлече најголемо внимание е онаа што манекенката ја објави на Инстаграм и на која се гледа дека е целосно гола, само со чанта во рацете. Таа е толку добро поставена што не можат да се видат интимните делови од нејзиното тело, додека во описот на нејзината фотографија напишала: „Карпе дием“. Во превод значи „искористи го секој ден и уживај“ и е поврзана со римскиот поет Хорациј, кој тоа го кажал во минатиот век од старата ера.

Оваа шпанска манекенка неодамна дала интервју во кое зборувала за минатото.

– Знам како е да се започне од дното и некако да се дојде до крајот на месецот. Поради моето скромно потекло, многу сочувствувам со луѓето. Работев напорно, се жртвував и сега имам прекрасно семејство.

Слични содржини