Џафери на Самит на претседатели на парламентите на земјите од Западен Балкан и ЕП во Брисел (ПВТ)

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе учествува на Самитот на претседатели на парламентите на земјите од Западен Балкан и на Европскиот Парламент, што ќе се одржи утре во Брисел, во организација на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

На самиот, соопшти Кабинетот на Џафери, ќе учествуваат претседателите на парламентите на Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Црна Гора, Република С. Македонија и Република Србија, а во својство на претставник на земјата претседавач со Советот на ЕУ, ќе учествува и претседателот на Парламентот на Хрватска.

Главна тема на Самитот, како што се посочува, ќе биде зајакнувањето на парламентарната димензија на процесот на проширување и улогата на парламентите во реформската агенда за ЕУ.

На крајот на состанокот предвидено е да биде усвоена заедничка декларација со која ќе се потврди цврстата волја на парламентите во регионот да бидат вистински двигатели на реформите и да испорачаат конкретни мерки за исполнување на европските аспирации на граѓаните, стои во соопштението.

Слични содржини