Џафери: Утре ќе се бира претседател на Парламентот

од Nikola Popovski

Претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери за утре дал насоки да се подготви продолжување на конститутивната седница, со цел да се избере нов претседател на Парламентот, објави ТВ 24.

Како што појаснува тој, одлуката ја донел откако претседателот на државата Стево Пендаровски наајви дека утре, 13 август, ќе му го довери мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Од медиумите дознав дека Пендаровски ќе му го додели мандатот на Заев, што според уставот значи дека Заев има мнозинство и дека е подготвен за избор на претседател на Собранието со што ќе заврши и официјално конститутивната седница и Собранието ќе биде конституирано. Затоа им дадов насоки на собраниските служби за утре да подготват продолжение на конститутивната седница“, соопштил Џафери.

Слични содржини