Џејсон Деруло ќе стане татко: „Не можеме да бидеме повозбудени“

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот музичар, текстописец и танчер, Џејсон Деруло, ќе стане татко.

За разлика од многу јавни личности, пејачот ја сподели добрата вест со своите фанови на социјалните мрежи.

„Не можеме да бидеме повозбудени за ова ново поглавје во нашите животи“, се пофали американскиот музичар Џејсон Деруло.

Да потсетиме, Џејсон Деруло долго време го криеше љубовниот живот од јавноста, а во мај минатата година покажа како ужива во својата нова девојка, инфлуенсерката Џен Фрумс, која е поранешна партнерка на играчот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард.

Слични содржини