Џенрик: Велика Британија почнува со дневно тестирање на 25.000 лица

од Aleksandar Petrovski
Велика Британија планира од средината на април да почне со тестирања на 25.000 лица дневно, изјави министерот за здравство Роберт Џенрик.

Британците добиваат критики заради доцната реакција на пандемијата и малиот број тестирања. Досега на коорнавирус се тестирани 143.186 лица, а над 25.000 биле позитивни. Повеќе од 1.700 лица умреа.

За споредба, Германија дневно тестира 70.000 лица.

-Важно е луѓето да се тестираат, не само оние кои можат да завршат во критична состојба, туку и здравствените работници кои ,очигледно, ни се неопходни, рече Џенрик.

Слични содржини