Џолев: Судот постапи навремено во случајот со Мијалков иако имаше законски рок од 24 часа

Претседателот на Скопската единица на Кривичниот суд, Иван Џолев денес одговарајќи на новинарско прашање истакна дека Судот постапил ажурно и навремено во случајот Мијалков по побараниот притвор од страна на обвинителството.

„Предлогот за притвор беше стигнат во 15 часот, а одлуката беше издадена во 18:30 часот. Судот оттаму, постапува ажурно, затоа што сметавме дека треба да се делува итно и веднаш. Затоа што Судот, треба да се има предвид дека има законска обврска да постапи по 24 часот, и ние можевме да издадеме одлука во понеделникот до 15 часот.“

Слични содржини