Џовинаци може да го смени Ериксон во Заубер

од Vlatko K

Името на Антонио Џовинаци излезе напред како евентуален тимски колега на Кими Раиконен во Заубер во 2019. Во моментов тандемот на швајцарскиот тим се состои од Шарл Леклер и Маркус Ериксон, кој има солиден грб и врски со сопствениците на тимот.

„Не е тајна дека сакам да останам во Заубер, но сум свесен дека следните натпревари се многу важни за мене“, изјави Маркус.

Повеќе авторитетни изданија тврдат дека Италијанецот ќе биде следниот адолесцент на Ферари од академијата во Маранело, кој ќе се здобие со место во Ф1 – местото на Ериксон. Според експертите, Антонио е голем талент, но не се знае дали тоа ќе има поголемо влијание од финансиите на Ериксон, кога ќе дојде до носење на конечното решение.

Во меѓувреме, поранешниот пилот Мика Сало смета дека Леклер ќе го испоти добро Фетел следната година. „Не би се изненадил ако дури го совлада Фетел“, вели Сало.

Слични содржини