Дијалогот со Северна Македонија е на највисоко ниво, вели бугарскиот претседател на Собранието

од Nikola Popovski

Прашањето за ветото на Северна Македонија е најдобро се дискутира во парламентот, бидејќи тој е претставничко тело за целото бугарско општество, смета претседателот на бугарското Собрание Никола Минчев.

Тој пред новинарите го објаснил ставот на премиерот Кирил Петков да побара од претседателот Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност.

-Секако во последните месеци дијалогот е на највисоко ниво во однос на претходните години. И бидејќи веруваме дека тоа доведе до развој, затоа премиерот сака Советот за национална безбедност да се одржи со согласност на претседателот на државата, за што ќе се подготви извештај од ресорното Министерство за надворешни работи и оттаму да заземе национален став, појаснил Минчев, пренесува „БНР“.

Претходно се огласи и Радев, кој изјави дека „колку поодговорно се држиме кон принципите толку полесно ќе биде за решение со С.Македонија“.

Тој вели дека прво треба да го слушне бугарскиот премиер на темата за Северна Македонија непрецизирајќи дали ќе го свика Консултативниот совет за национална безбедност за да се расправа за ова прашање како што побара Петков во петокот.

Слични содржини