Димитриевски: 11 Октомври претставува инспирација и поттик за надминување на сите поделби

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на централниот настан по повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание, што се одржа кај Спомен костурницата во Куманово, под мотото „Непокор и слобода“, истакна дека одлуките од првото заседание на АСНОМ од 1944 година донесоа остварување на желбите за основање на македонска држава и оти тоа претставува поттик денес да ги чествуваме хероите кои ги дадоа своите млади животи за слобода.

-Денес по 82 години сме исправени пред нови искушенија. 11 Октомври претставува инспирација и поттик за надминување на сите поделби преку меѓусебна почит и несебично пријателство што ќе ни обезбеди напредок и успеси, рече Димитриевски.

Нашата борба и залагања за влез во европското семејство, според Димитриевски, мора да бидат достоинствени и издржливи на начин како што му доликува на секој горд народ кој има своја историја, традиција и обичаи.

Повика на општ консензус и обединување на сите за заеднички да се работи на развој на државата со носење важни и неопходни одлуки што ќе донесат стабилност и сигурност и влез во ЕУ.

Слични содржини