Димитриевски: Истакнувањето на обележја на т.н. голема Албанија и неинтонирање на државната химна е спротивно на Уставот и Законите

од Stefanija Kuzmanovska

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски го осуди вчерашниот протокол и организација при пречекот на косовскиот премиер Албин Курти во Општина Чаир, одлуката за промената на името на улицата Втора Македонска ударна бригада, како и истакнувањето на обележје на јавен собир во Тетово од т. н. голема Албанија, повикувајќи ги надлежните институции да постапат согласно овластувањата.

„Неинтонирањето на државната химна, неистакнувањето на државното знаме, интонирањето на химната на друга држава и истакнувањето само на знамињата на заедницата и знамињата на туѓа држава е спротивно на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија. Истакнувањето на обележје на јавен собир во Тетово од т. н. голема Албанија е спротивно на Уставот и Законите на државата. Ги повикувам надлежните, во овој случај МВР и ОЈО да постапат согласно овластувањата и превземат постапки против одговорните и сторителите а надлежниот суд истите да ги санкционира доколку сеуште оваа власт има супрематија“, реагираше градоначалникот Димитриевски.

Димитриевски упати јавно прашање и до раководството на СДСМ, дали ова ја отсликува заедничката борба за „Едно општество за сите“.

„За ваков ли соживот и взаемно почитување се боревме под паролата “Едно општество за сите”?Како се чувствувате денеска кога спомените на нашите паднати дедовци и баби, партизани, антифашисти од НОБ (од сите народи и народности од Македонија во тоа време) СЕ БРИШАТ и менуваат со имиња на борци за национални каузи? Вие втор ден молчите а молкот во овој случај е повеќе и од срам“, вели Димитриевски во неговата реакција.

Слични содржини