Димитриевски: Во Кочани формирана граѓанска иницијатива „За наше Кочани“, граѓанскиот концепт се шири

од Stefanija Kuzmanovska

Идејниот творец на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ и актуелен градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека во Кочани е формирано граѓанско здружение „За наше Кочани“.

-Вчера во Кочани е формирано граѓанското здружение „За наше Кочани“, а на средба со иницијативниот одбор за Претседател на здружението е избран Владимир Данилов. Граѓаните ги препознаваат нашите вредности, граѓанскиот концепт се шири, народот се обединува! Продолжуваме и во другите градови во Македонија, рече Димитриевски.

Слични содржини