Димитров: Албанија ќе ги отвори границите за сите граѓани

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров за „СДК.мк“ вели дека разговарале со албанските власти во врска со отворањето на границата и мисли дека отворањето ќе биде за сите граѓани, откако албанската државна новинска агенција АТА пренесе изјава на премиерот Еди Рама дека Албанија на 1 јуни ќе ги отвори границите за Албанците од соседните држави.

„Разговаравме со Тирана, во моментов работат на конкретен план во поглед на отворањето на границите и од тоа што го слушнавме, мислам дека нивниот пристап ќе биде инклузивен односно ќе се однесува на сите граѓани од регионот“, изјавил Димитров.

Слични содржини