Димитров со предлог: Да обезбедиме унилатерални декларации од 26. земји-членки, без Бугарија со кое го прифаќаат нашето неприкосновено право на македонскиот јазик

од Nikola Popovski

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров истакна дека нема оправдување за било какво насилство, во однос на инцидентите што се случија синоќа пред Собранието, на протестот против францускиот предлог.

-Протестите треба да бидат европска критика, а не да се киднапираат од деструктивни центри. Истовремено, владата мора да забави и да ги слушне граѓаните. Чекорот назад е чекор напред. Инаку и оние кои ја бранат Македонија и оние кои ја бранат европската иднина, што секако се целосно компатибилни цели, ќе бидат губитници. Неопходно е обновување на дијалогот, но предуслов за тоа е запирање, повлекување наназад и опсервација со ладна глава. Нам сега ни треба време за да не се удриме во ѕид. Нужен е процес на широки консултации, реален и суштински, без брзање и паника, посочи Димитров.

Поранешниот шеф на дипломатијата предлага да пробаме да обезбедиме унилатерални декларации од сите 26 земји членки (без Бугарија) со кое го прифаќаат нашето неприкосновено право на самоопределување/самоизјаснување и неговиот израз – македонски јазик.

-Можеби Софија ќе размисли дали вреди нивната негаторска изјава во вакви околности … Можеби ќе разбере дека со таа навреда нема никогаш да бидеме вистински пријатели?, објави доцна синоќа Димитров.

Слични содржини