Димитров: Со ВМРО-ДПМНЕ нема да го фатиме возот за којшто не знаеме дали пак ќе застанува

од Nikola Popovski

Придружете ни се на 15 јули, да ги почнеме преговорите со ЕУ, да покажеме дека можеме да создадеме европски стандарди дома, истакна носителот на правата изборна единица, Никола Димитров, од Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

„Среда, средината на неделата, е многу убав ден да се заврши убава работа. А ние си имаме многу убава работа за завршување иднава среда. 29 години ќе правиме како независна држава во септември, годинава. Од тие, речиси сите зборуваме за ова што треба да го направиме во среда – НАТО никој не спомнува, бидејќи ја завршивме таа работа“, вели Димитров и додава дека сега на ред е ЕУ.

„Од другата страна, со ВМРО-ДПМНЕ, нема да има пристапни преговори со Европската Унија. Нема да го фатиме возот за којшто не знаеме дали пак ќе застанува. И затоа, сега, иднава среда, на 15 јули, што ќе правиме – ќе дигаме раце? Или ќе излеземе и ќе дадеме што помалку простор за овие теговиве што не’ влечат надолу. За овие луѓе што главата не ја дигнале и не можат да видат дека земјата не само што се исправи од срамот што ни го оставија. Туку си влезе во НАТО и е на еден чекор да почне пристапни преговори со ЕУ.

Јас сум носител на листата „Можеме“, предводена од партијата СДСМ. И ние сме за денес и за утре. А они се за вчера. Нема друга политичка опција, денес, во нашата Македонија – официјално Северна Македонија – што сака и е одлучена, и е доволно храбра и доволно знае да оди напред. Вие што уште се мислите за среда. Не знам какво е тоа јунаштво со неправење. Има ли јунак од која било област што е јунак затоа што нешто не правел? Дали ќе ги казните тие што се обидуваат да го чистат ова валканово и да фрлат светло на темницата, затоа што темницата упорно влече назад, валканово вика остајте ме’. Или ќе ни се придружите, оти од оваа страна има надеж, од таа страна има бездна. Ништо ново нема да видиме“, рече Димитров.

Слични содржини