Димитровски: Бајден треба да покаже дека Америка е предводник на демократијата

од Берта Китинска

Бајден треба да покаже дека Америка е предводник на демократијата и демократскиот свет, вели Зоран Димитровски заменки министер во Министерство за локална самоуправа во „24 Анализа“

-Во времето на Трамп се ширеа и лажни вести и дека вистината може да се толкува на различни начини. Во моментов во Америка имаме една длабока поделеност. Според  последната анкета дел од граѓаните се уште веруваат дека републиканците треба да го продолжат патот на Тармп. Сега се најавува дека тој може да направи нова партија и  мислам дека многу тешко ќе му биде на Бјаден иако неговиот правец не радикален тој е централист. Бајден е човек кој има искуство на дипломатија и комуникација, тој не е човек кој сака да пресекува преку ноќ, тој е спротивност на Трамп кој пред се е бизнисмен кој практично ги решаваше работите додека Бајден е човек кој сака да гради пријателства, вели Димитровски.

Слични содржини