Дино Дворник доби скулптура во Загреб

од desk2

Во тематскиот парк на рок енд ролот во Загреб откриен е споменик на Дино Дворник, чиј автор е младиот академски скулптор Томислав Хершак.


Скулптурата на најголемата ѕвезда и пионер на хрватскиот фанк ДИно Дворник во тематскиот парк им се придружи на Рамонси, Џо Страмер, Џон Ленон, НИк Кејв, Ејми Винхаус, Џими Хендрикс, Иги Поп, Дејвид Боуви и на останатите светски легенди.

Дино Двоник остави неизбришлив траг во историјата на хрватската музика, а беше познат по ексцентричната сценска појава, енергичните настапи и уникатниот вокал. Веќе од самиот почеток на кариерата, Дворник имаше своја визија за музикаѕа и беше истраен во стварањето и објавувањето на нови материјали.

Музичката награда „Порин“ во текот на животот ја освои четири пати, а осум пати посмртно. Покрај со музиката Дворник се занимаваше и со глума. Дино Дворник почина во 2008 година.

Слични содржини