Директорката на ДПИ: Вонредните надзори на квалитетот на горивата се дел од нашите приоритети во наредниот период

од Nikola Popovski

„Започнуваме со контрола над квалитетот на нафтените деривати, користејќи ја мобилната лабораторија“, изјави денеска новата директорка на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска-Димоска на прес-конференција, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши.

Таа додаде дека денеска се извршени три испекциски надзори и дека продолжуваат со нив, се со цел да укажат дека сериозно влегуваат во овој процес.

Според неа, денешните надзори се само почеток на вонредните надзори кои ќе продолжат од утре понатаму и ќе бидат дел од нашите приоритети на целата територија на државата.

„Со оглед дека лабораторијата е мобилна, во план е вакви контроли да се вршат и на самата граница, секако во соработка со Царинската управата“, дополни директорката на ДПИ.

На оваа тема во четвртокот во Собранието зборуваше и премиерот Зоран Заев, кој откри дека се констатирани неправилности токму по другите параметри и најави дека ќе поднесат предлог за одземање на лиценци за две-три фирми.

На пратеничко прашање од Зоран Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека досега се утврдило дека сулфурот не е проблем, туку спорно било поголемото количество вода, кое е дојдено до некои четири проценти и поголемо количество пепел во самите количини.

Слични содржини