Директорот на Дортмунд: Преговараме за нов напаѓач

од Vladimir Zorba

Борусија Дортмунд објави дека е во потрага по играч кој ќе го замени нивниот нов напаѓач Себастиен Алер ​​додека тој закрепнува од рак на тестисите.

Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска ќе паузира неколку месеци, а спортскиот директор на клубот, Себастијан Кел признава дека е во потрага по нов напаѓач.

„Секако дека имам список во главата. На крајот на краиштата, преговараме веќе неколку дена“, изјави Кел за Скај. „Доколку има можност, ќе биде добро да има замена што е можно поскоро“, додаде тој.

Алер беше доведен како замена за Ерлинг Халанд, кој се пресели во Манчестер Сити. Борусија Дортмунд веќе го ангажираше Карим Адејеми од Салцбург, а можна опција е Единсон Кавани, кој е слободен играч по истекот на неговиот договор со Манчестер Јунајтед.

Борусија Дортмунд ја започнува вечерва својата сезона во натпревар против Минхен 1860 за Купот на Германија.

Слични содржини