ДИЖС: МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла

од Stefanija Kuzmanovska

Државниот и санитарен инспекторат соопшти дека од страна на МВР се води истрага за причините за настанување на пожарот што утрово се појави во депонијата Дрисла.

Како што се посочува во информацијата од Инспекторатот, од страна на одговорно лице за животна средина во Дрисла, согласно обврската од А-Интегрираната Еколошка Дозвола телефонски и по е-пошта утрово е добиено известување дека денеска во раните утрински часови (околу 04:00 часот) е опожарена депонијата Дрисла.

„Веднаш се информирани противпожарната служба и службата на МВР – Скопје. Пожарот беше гасен со сопствена механизација и средства како и со асистенција на неколку возила од противпожарна служба. Пожарот е локализиран и изгаснат околу 08:30 часот. Во моментот се води истрага за причините на негово настанување од страна на МВР-Скопје, за што ДИЖС ќе биде информиран во континуитет“, се наведува во информацијата објавена на Фејсбук.

Слични содржини