Џејда Пинкет Смит искрена: „Веќе 7 години не живееме заедно со Вил, не знам што ќе биде со нашиот брак“

од Stefanija Kuzmanovska

Џејда Пинкет Смит откри дека таа и сопругот Вил Смит биле тајно разделени во последните седум години, признавајќи дека се уште размислуваат каква може да биде иднината на нивниот брак.

52-годишната актерка ја сподели шокантната вест за нејзиниот брак во новото интервју за People, а исто така наведе повеќе детали за нивниот однос во интервју за NBC News, кое треба да се емитува подоцна денес.

Зборувајќи за People, Џејда признала дека таа и Вил (55) се разделени од 2016 година и всушност живееле одвоено кога нејзиниот сопруг му удри шлаканица на комичарот Крис Рок на Оскарите во 2022 година, кога тој реагираше во напад на бес поради шегите на Крис за алопеција од која страда Џејда.

Џејда истакна дека сè уште не донела трајна одлука кога станува збор за статусот на нејзиниот брак, објаснувајќи дека таа и Вил сè уште размислуваат за тоа.

Вил и Џејда се запознале на снимањето на серијата „Принцот од Бел Ер“, која започна да се емитува во 1990 година. Се венчаа седум години подоцна, а за време на бракот добија две деца – ќерката Вилоу и синот Џејден.

Иако нивната заедница со години изгледаше како типичен брак, набрзо почнаа да кружат приказни дека славната двојка всушност има и други партнери. Актерот конечно проговори на оваа тема минатата година и откри дека фантазирал да има многу жени во исто време.

„Не знам каде го видов тоа, но како тинејџер ми изгледаше како одлична идеја да имам 20 жени кои ќе ги сакам, со кои ќе патувам и за кои ќе се грижам“, рече тој, откривајќи дека долго време сакал дел од неговиот харем да бидат актерката Хали Бери и балерината Мисти Коупленд. Како што објасни, работејќи на себе дошол до заклучок дека нема ништо лошо во тоа да се биде во брак и смета дека Хали Бери изгледа добро.

Тој потврди дека сличен став има и неговата сопруга Џејда.

„Џејда никогаш не верувала во конвенционален брак. Имала членови на семејството кои биле во неконвенционални врски. Така таа порасна поинаку од мене. Постои расправа за тоа што е совршена врска. Во поголемиот дел од нашата врска, она што го избравме беше моногамија, но не мислевме на моногамијата како совршена врска“, изјави тогаш Смит.

Освен необичниот поглед на бракот, овој пар го привлече вниманието кога беше откриено дека Џејда четири години е во врска со извесен Аугуст Алсин, пријател на нејзиниот син. Сето ова се случило за време на нејзиниот брак со Вил, а Џејда отворено зборуваше за сето тоа во нејзиниот подкаст Red Table Talk.

Слични содржини