Дневен биланс: 284 новозаразени со Ковид-19

од Nikola Popovski

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.258 тестирања, а регистрирани се 284 нови случаи на коронавирус.

Според билансот, новозаразните се од Скопје – 152, Кавадарци – 29, Прилеп – 21, Кочани – 17, Штип – 10, Неготино – 7, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Демир Капија – 4, Гостивар и Струмица – по 3, Велес, Струга, Свети Николе и Берово – по 2, Кичево, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по 1.

Исто така МЗ соопшти дека регистрирани се 449 оздравени пациенти и тоа градовите: Скопје – 192, Прилеп – 38, Кавадарци – 36, Куманово – 20, Штип – 17, Струмица – 16, Велес и Богданци – по 15, Гевгелија, Гостивар и Битола – по 14, Крива Паланка – 13, Неготино и Тетово – по 11, Кочани – 6, Свети Николе – 4, Кратово – 3, Делчево и Крушево – по 2, Кичево, Пробиштип, Виница, Валандово, Ресен и Дојран – по 1.

Направени се 1.258 тестови преку: ИЈЗ-273, ЦЈЗ Скопје-54, Авицена-0, Биотек-185, Жан Митрев (Филип Втори)-179, Систина-244, лабораторија Лаор–0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 321, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0.

Слични содржини