„Доби што заслужи“: ВИДЕО од мајмун кој нападнал девојче во зоолошка ја подели јавноста

од Stefanija Kuzmanovska

Несекојдневно видео е снимено во неименувана зоолошка градина, а налути многумина! Клипот прво беше објавен на TikTok и набрзо стана вирален. На видеото се гледа моментот кога девојче дошло до кафез со мајмуни и удирало во оградата, а луѓето кои го снимале тоа се смееле. Во следниот момент бесното животно го зграпчило девојчето за коса и не го пуштало, додека таа врескала!

За среќа, по кратко време мајмунот ја пуштил, но за работата да биде уште полоша, девојчето повторно се приближило до кафезот, а животните повторно ја нападнале.

Посетителите на зоолошката градина биле предупредени да не го допираат кафезот со животните по инцидентот, без разлика дали животните изгледаат питоми или не.

Додека неколку корисници на социјалните мрежи коментираа дека се чувствуваат „лошо“ за девојчето кое беше нападнато, други беа бесни поради нејзините постапки и коментираа дека треба да научи лекција за антагонизирање на животните.

„Го доби она што го заслужи откако се обиде да ги удри животните“, стои во еден од бројните коментари.

Слични содржини