„Добредојде назад“: Зеленски пристигна во Велика Британија (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот премиер Риши Сунак објави фотографија на својот Твитер профил на која е прегрнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Добредојде назад“, пишува во објавата на Сунак, кого Зеленски денеска го посети на имот недалеку од Лондон.

Зеленски му се заблагодари на британскиот премиер Сунак за сета поддршка која Обединетото Кралство ѝ ја пружи на Украина од почетокот на рускиот напад врз Украина.

„Направивте многу“

„Вашата поддршка ни значи многу, направивте многу. Вие, вашата влада, неговото височество кралот и секако вашиот народ, вашето општество“, му рече Зеленски на Сунак.

„Ние сме благодарни од се срце. Ја пренесувам благодарноста на сите Украинци, пред се на нашите војници“, додаде украинскиот претседател.

Слични содржини