Додека вистинскиот Брус Вилис е во пензија, неговиот „дигитален близнак“ снима реклами (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Брус Вилис неодамна се повлече од светот на глумата поради дијагностицираната афазија, но се чини дека тоа не значи дека повеќе нема да го видиме на екраните.

Имено, актерот на една руска компанија и ги продал правата за создавање на својот „дигитален близнак“ со помош на „deepfake“ технологија, со што ја отворил вратата за потенцијалниот „ангажман“ на виртуелните актери во идните филмови.

Станува збор за компанијата „Deepcake“, која се промовира како решение за „нискобуџетни филмски продукции“, која веќе го претстави виртуелниот двојник на Вилис.

„Со помош на модерната технологија можам да комуницирам, да работам и да учествувам во снимањето, па дури и да бидам на друг континент. Тоа е ново и интересно искуство за мене и благодарен сум на нашиот тим“, изјави Вилис за проектот во официјалното соопштение.

Актерот наводно ги продал правата пред да дознае дека има афазија.

Инженерите на компанијата „Deepcake“ со помош на вештачка интелигенција создадоа „дигитален близнак“ врз основа на 34.000 фрагменти од слики од филмови како „Умри машки“ и „Петтиот елемент“.

На овој начин актерот веќе беше дел од рекламите на руската телекомуникациска компанија МегаФон.

„Deepfake“ технологијата веќе се користи за подмладување на актерите во филмовите од франшизата „Војна на ѕвездите“, а неодамна беше објавено дека по пензионирањето на актерот Џејмс Ерл Џонс, кој долго време го позајмуваше гласот на главниот негативец Дарт Вејдер, таа задача ќе бидат преземени од вештачката интелигенција.

Слични содржини