Додик: Би ја одбил и Русија да бара било што на штета на Српска

од Vladimir Zorba

Ако Москва од нас побара нешто што е спротивно на српските интереси, јас би бил против тоа, изјави српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и посочи дека исклучиво и служи на Република Српска и на српскиот народ.

„Москва не направи ништо на наша штета и јас го ценам тоа“, изјави Додик во интервју за „Политика“, додавајќи дека сите британски и германски проекти во Република Српска ќе бидат прекинати.

Поради имотот, но и под обвинение дека е во дослух со Москва, Обединетото Кралство по Америка му воведе санкции на Додик, а се очекува сличен потег и од Германија.

Слични содржини