ДОДИК ГО ОДЛИКУВАШЕ ПУТИН: „Благодарение на него се слуша и се почитува гласот на Република Српска“

од Vladimir Zorba

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик го одликуваше претседателот на Руската Федерација Владимир Путин со Орден на Република Српска.

– Путин е одговорен за развивање и зајакнување на соработката и политичките и пријателски односи меѓу Република Српска и Русија. Тој има заслуги во областа на јавните дејности кои придонесуваат за севкупниот и взаемниот политички, економски, социјален и економски раст и развој – рече Додик на доделувањето на наградите во Бања Лука.

Орденот ќе биде доделен на следната средба меѓу Додик и Путин.

Додик му се заблагодари на претседателот на Руската Федерација како сигурна потпора на Република Српска.

– Благодарение на позицијата на Владимир Путин и силата на Руската Федерација, гласот и позицијата на Република Српска се слушаат и се почитуваат и нејзината позиција е зачувана под налетот на меѓународниот интервенционизам – рече Додик.

Претседателот на Српска им додели признанија на заслужни граѓани и институции по повод Денот на Република Српска, соопшти РТРС.

Слични содржини