Докторка ги споредила белите дробови на пушач и пациент кој прележал корона: „Ова е ужас“

од Stefanija Kuzmanovska

Докторка од Тексас, Бретани Бенкхед-Кендал, која лекувала илјадници пациенти заразени со коронавирус од март минатата година, ги откри последиците од ковид-19 врз белите дробови.

Имено, таа сподели три рендгенски снимки од бели дробови на својот профил на Твитер: на еден здрав пациент, на еден пушач и на еден пациент кој го прележал коронавирусот.

„Не знам кој треба да го види ова, но белите дробови по ковид изгледаат полошо од било кој вид на бели дробови на пушач што некогаш сме ги виделе. И тие колабираат. И се згрутчуваат. И отежнатото дишење се задржува и понатаму“, напишала покрај со рендгенските снимки.

Снимката од белите дробови на здрав пациент е бистра бидејќи тие имаат многу црн простор, што укажува на тоа дека некое лице може да вдише многу воздух. Гледајќи ги снимките на белите дробови на пушачот, се забележува магловитост што укажува на лузни и блокади.

На третата слика се прикажани бели дробови по ковид, кои изгледаат скоро целосно бели, што значи дека белите дробови се сериозно оштетени.

Откако нејзиниот твит доби големо внимание и илјадници одговори, докторката беше поканета да каже неколку зборови во вестите на Си-Би-Ес.

„Сите се толку загрижени за смртноста и тоа е страшно и ужасно. Но, скоро сите преживеани луѓе кои имале корона исто така можат да се соочат со проблеми“, рече таа.

Докторката тврди дека дури и асимптоматски случаи на корона можат да остават пациенти со сериозно оштетување на белите дробови.

„Сè уште има луѓе кои велат: ‘Добро сум, немам никакви проблеми’, но кога ќе им го снимите градниот кош, гледате дека белите дробови им се во ужасна состојба“, рече докторката.

Таа исто така додава дека ако пациентот почувствува отежнато дишење по ковид, треба да остане во контакт со неговиот лекар од примарна здравствена заштита.

Слични содржини