Зимата е суровиот период од годината, кој може да предизвика непријатни состојби на кожата. Алергиите на студ и егземите се едни од нив.f5b8c4cb41d32fdcec6afa8ccf04a012

Како можеме да се олеснат овие кожни проблеми на природен, но многу ефикасен начин? Со тоа што ќе си приготвиме домаша маст со природни и корисни производи.

Што ви е потребно за да си направите маст против испукана кожа и егзема?
½ чаша масло од чија
½ чаша кокосово масло
1 лажица мед
40 капки етерично масло од лаванда
10 капки етерично масло од чајно дрво
1a565b0690c90db1eb755742cc40b16c

На водена бања стопете ги двата вида масла. Измешајте ги добро мешајќи повремено. Додадете го кон нив медот и оставете да се растопи целосно. Намалете го шпоретот на минимална температура. Додаде ги етеричните масла и повторно промешајте за да се мешаат добро состојките.

Тргнете ја смесата од топлина и оставете да се излади и зацврсти, но не сосема. Истурете ја смесата во соодветен сад за разбивање со миксер и миксирајте. Треба да добиете благо пенлив изглед. Оставете мелемите да се изладат целосно по мешањето со миксер, но мешајте на рака на секои 10 минути.

Кога ќе се излади префрлете во соодветна тегла за складирање. Мачкајте ги рацете по 3 пати на ден или по секое миење на рацете, ако кожните проблеми се тврдоглави.

Слични содржини