Дознаваме: Угостителските објекти ќе бидат затворени 14 дена, полициски час од 20:00 часот

Со оглед на зголемениот број на смртни случаи, но и висок скок на бројките на новозаразени лица во земјава, неофицијално дознаваме дека Владата попладнево ќе ги соопшти новите рестриктивни мерки.

Имено, како што неофицијално дознавме, угостителските објекти ќе бидат затворени 14 дена, додека пак, полицискиот час кој досега беше до 22:00 часот, ќе стартува од 20:00 часот.

Владата свика итна седница за денес на која ќе се разгледуваат предлозите на Главниот координативен штаб за управување со кризи.

Како што дознавме, истите одлуки и официјално ќе бидат презентирани на прес конференција која треба да се оддржи во 14 часот.

Слични содржини