Др.Лазаров: Мора строго да ги чуваме границите, не ни треба индискиот сој во земјава

од Берта Китинска

Доктор Ненад Лазаров преку Фејсбук упати апел до надлежните дека мора строго да се чуваат границите  со цел да не дојде до појава на индискиот сој во земјава.

-Мора строго и многу сериозно да ги чуваме границите за влез во Македонија, верувајте дека не ни треба индискиот сој во земјава во моментов, напиша  Лазаров.

Индиски вид на коронавирус вчера беше откриен во Хрватска.

„Откриено е пред неколку дена во Сплит-Далмација, но ова се индивидуални случаи и нема причина за паника“, Ивана Пем Новосел од Хрватскиот институт за јавно здравје во емисијата Студио 4, додавајќи дека грижата треба да продолжи.

Индискиот вид на коронавирус дава слични симптоми на другите видови на вирусот: треска, губење на чувство за мирис и вкус, кашлица, релјефен јазик (познат и како јазик на ковид), белузлави промени на ноктевата плоча (исто така познат како ковид- нокти), замор, главоболка.

Слични содржини