Државната помош за 28.000 лица ќе стигне после Нова година

од Nikola Popovski

Граѓаните со блокирани сметки ќе ги добијат парите по Нова година, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, соопштувајќи дека се очекува процесот на исплата да заврши во јануари, но претходно измената на Законот треба да помине во Собрание. Според станува збор за околу 28.000 лица, кои треба да добијат по 6.000 денари.

Арсовски вели дека најголем дел од приговорите кои не биле прифатени се однесуваат на граѓани кои веќе добиле помош со претходниот сет на мерки. Досега се исплатени близу 23 милиони евра од планираните 27.

„За одбиени поединечни случаи може да се побараат од институциите од чии евиденции се преземени податоците за граѓани на кои им следува оваа помош, како Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување“, истакна Арсовски.

Тој ги демантира информациите дека извршителите им ги земале парите на граѓаните со блокирани сметки, зашто како што информира, законски извршител не може да наплати од потсметка.

На вчерашната седница Владата донесе Одлука за дополнување на Одлуката за отворање на посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои заради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

 

Слични содржини