Демократскиот сојуз најостро го осудува упадот на обезбедувањето на поранешниот премиер во ТВ 21 и бара одговорност за таквиот насилнички чин.

ds pavle

Воедно укажуваме дека секоја јавна личност мора да биде свесна за јавниот интерес и обврската на новинарите да ја информираат јавноста за сите аспекти врзани за функционери кои извршуваат или извршувале високи државни и политички функции.

Демократскиот сојуз смета дека медиумите се движечка сила на демократските процеси и јакнење на одговорноста на носителите на функции и затоа никој не смее да ги попречи новинарите во извршување на нивната мисија.

Слични содржини