ВЛЕН утрово обвини дека со години, Министерството за правда се менуваше од едно албанско име во друго, но ништо не се промени. Коалицијата ги набројува имињата на Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билен Салиу и Кренар Лога, од кои последниот, како што велат, заврши во скутот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
-Пет министри. Пет мандати. Пет можности да се исправи неправда. И сепак, студентите-албанци останаа без можност да полагаат правосуден испит на албански јазик. Документот потпишан од Талат Џафери ја запечатува вистината за исклучувањето на албанскиот јазик од правосудниот испит. Уште полошо, овој закон беше донесен со бадентер, односно со гласовите на пратениците-албанци од тоа време.
Сето ова ја разоткрива ДУИ и нејзината измама до срж. Јавно се преправаат дека се патриоти, во институциите гласаа и потпишуваа против Албанците, потенцираат од ВЛЕН.
„Ова е вистината што ги гори. Не им недостигаа позиции. Не им недостигаа гласови. Не им недостигаше време. Само им недостигаше волја. Бидејќи за ДУИ, Албанецот беше вреден само кога носеше гласови и кога служеше за полнење на џебовите на неговата кликаш“, стои во партиското соопштение.