Дураку ја напушта Алијанса на Албанците

од Nikola Popovski

Поранешниот владин портпарол и актуелен член и портпарол на Алијанса на Албанците, Шефик Дураку вечерва објави дека ја напушта партијата.

-5 години работевме и го негувавме опозицискиот дух жртвувајќи се во секој момент, секогаш верувајќи дека промената може да се случи. Секако дека постигнавме одлични резултати, запознав и стекнав многу искрени и идеалистички пријатели и соборци во рамките на Алијансата, горд сум на ова, ќе продолжам да бидам ваш пријател.

Сакајќи да ве поштедам од каква било непродуктивна, (а можеби и ниска) дебата не сакам да навлегувам во детали за причините за носењето на ваквата одлука за напуштање на партијата, стои во објавата на Дураку на Фејсбук.

Тој додава дека „неговата политичка војна против оваа власт ќе продолжи, бидејќи власта одамна мораше да си замине, но за жал таа сè уште владее. Се уште има време и можност да се направи се за да се смени“.

Слични содржини