Дури 73% од дезинформациите за вакцините доаѓаат од 12 лица

Дезинформациите за вакцинациите сè уште жестоко кружат на Интернет, и покрај напорите на големите технолошки интернет компании кои се обидуваат да ги отстранат пред да се прошири меѓу голем број корисници. Веројатно сите сте наишле на такви работи или групи што ги објавувале, но не сте ги знаеле крајните извори од каде се поставени.

Заедничко истражување на непрофитните организации Центар за борба против дигитална омраза (CCDH) и Анти-вакс воч, откри интересен факт дека дури 73 проценти од дезинформациите за вакцинацијата на Фејсбук и 17 проценти на Твитер доаѓаат од само 12 лица. Само 12!

И покрај толку мал број на овие „оригинали“ за кои се верува дека шират дезинформации и неиздржани гласини поради некое верување или причина, факт е дека тие успешно ги преживуваат сите обиди за трајно „забрана“ од страна на администраторите на социјалните платформи.

Извештајот упатува на огромен број твитови отстранети или блокирани профили, но реалноста е дека дезинформациите продолжуваат да кружат на Интернет. Извршните директори на Твитер, Фејсбук и Гугл наскоро ќе сведочат пред Конгресот на САД во врска со ширењето дезинформации преку нивните платформи, но тешко е да се очекува дека со ова ќе се постигне нешто значајно во смисла на елиминација на оние што смислуваат и дистрибуираат најмногу дезинформации за вакцинацијата.

Слични содржини