Два земјотреса ја погодија Сицилија во рок од неколку минути

од Stefanija Kuzmanovska

Два земјотреса ја погодија Италија во рок од неколку минути.

Земјотресите се регистрирани во близина на градот Месина на Сицилија. Првиот земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала е регистриран во 6 часот и 7 минути, а вториот, послаб, два степени според Рихтеровата скала, следел неколку минути подоцна.

Земјотресите се регистрирани на длабочина од 19 и 24 километри.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Слични содржини