Дваесетина училишта во Белград добиле дојава за бомба

од Vladimir Zorba

Полициски екипи извршиле проверка по пријавата за бомбата во Медицинското училиште во Звездара во Белград. Како што неофицијално дознава Н1, 14-тата и 7-та белградска гимназија се евакуирани поради дојава за бомба.

Дојава за бомба е добиена и во Угостителското училиште на Зелени венец, јавува РТС.

Седмата белградска гимназија се наоѓа во Миријево, а 14-тата во Врачар.

Како што потврдија за РТС, дојавата за бомбата на Медицинскиот факултет била примена околу 7 часот и 10 минути.

Полициски екипи излегле на терен и извршиле проверка на објектот, по што било утврдено дека пријавата е лажна, јавува РТС.

„Во седум и пол само дојдоа и ни рекоа да излеземе од училиштето. А директорката само ни рече да се оддалечиме ако се случи нешто за да не бидеме блиску. Прво дојдоа двајца полицајци во автомобил, а сега уште двајца во комбе. Сите стоиме пред училиштето“, се наведува во објавата на Инстаграм страната на „Србијалајв“.

Полицијата добила уште една дојава за бомбата во Угостителското училиште на Зелени венец, јави јавниот сервис.

Министерството за образование соопшти дека дваесетина училишта во Белград добиле дојава за бомбата.

Слични содржини