Двајца судии го напуштија Судскиот совет

од Nikola Popovski

Двајца членови на Судскиот совет поднеле оставки од функциите. Станува збор за Зоран Герасимовски, кој е апелационен судија и Мирјана Радевска-Стефкова, која е врховна судијка.

Оставките се депонирани денеска во архивата на Судскиот совет, а причините засега се непознати.

Судскиот совет беше критикуван, како од домашната јавност, така и од страна на меѓународната заедница. Холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп неодамна соопшти дека Холандија ставила во мирување проект поврзан со Судскиот совет, кој, како што рече, стана нелегитимно тело. Прашан за состојбата на правосудниот систем, холандскиот амбасадор рече дека тоа е централно прашање, кое Холандија го следи внимателно.

Судскиот совет пред извесен период доби нов претседател, откако претходничката Весна Дамева беше разрешена на 26 април, на седница која помина тензично откако потпретседателот на Судскиот совет. Заменик претседателот Селим Адеми го презеде од неа раководењето на седницата и го стави на гласање нејзиното разрешување за кое се изјаснија 7 членови.

На истата седница се очекуваше да биде сменет судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети кој со месеци го чуваше предметот за една од најголемите афери со прислушувањето „Таргет-Тврдина.“ На нејзино место беше избран судијата Сашко Георгиев, додека Дамева поднесе тужба до Управниот суд за нејзиното разрешување.

Слични содржини